top of page

ПРОЕКТИ
Heading 1
55 MW фотоволтаична централа
Пелагониски регион, Македонија




1/4
Комплетна инспекцијата на целата централа е извршена после пуштањето во употреба. Направени и анализирани се преку 36 000 термални и RGB фотографии на приближно 100 000 соларни панели. Забележани се аномалии кои се типични за ново вклучена постројка (исклучени стрингови, прекин на DC кабли, активирана "bypass" диода при прва употреба на панел и сл.). Во консултација на нашиот тим со тимот на клиентот, истите се во најбрз можен рок отклонети и беа избегнати загуби во производството.
Heading 1
1 MW фотоволтаична
централа
с. Егри, Македонија

Egri

Egri

Egri

Egri
1/3
Една од првите фотоволтаични централи во Републиката, која е во употреба веќе 13 години, е целосно термовизиски и визуелно снимена и анализирана . И покрај солидното тековно одржување, лоцирани се одреден број на аномалии, при што нашиот тим упати кон потребата за мала интервенција за истите да бидат отклонети, со што би се зголемила ефикасноста.
Heading 1
1 MW фотоволтаична централа
с. Кравари, Македонија

Kravari

Kravari

Kravari

Kravari
1/3
Целосно нова централа со која што се потврди исправноста на инсталирани панели и целокупната опрема но се утврди ефектот од засенувањето од вегетација врз панелите.
Heading 1
750 kW кровна фотоволтаична централа
Битола, Македонија




1/3
Инсталирана врз индустриски објект кој е истовремено голем потрошувач на електрична енергија и за кој е од витално значење исправноста на опремата. На нивно барање е извршена термовизиска инспекција заради забележано опаѓање на производството на електрична енергија. Се констатира дека намалената ефикасност се должи на потребата од дополнително чистење и замена на неколку целосно нефункционални панели.
Heading 1
350 kW кровна фотоволтаична централа
Скопје, Македонија
.




1/3
Инсталирана врз комерцијален објект кој се наоѓа во индустриска зона. Потребата од зачестено чистење на панелите која што ја констатиравме, се должеше на непосредната близина на производствени капацитети - аерозагадувачи. Изработениот извештај од Дронаџија ДОО укажа и лоцира дополнителни аномалии кај одредени панели (активирана "bypass" диода, прегорени ќелии, отпадни предмети врз панелите и сл.)
Heading 1
Рехабилитација и проширување на автопат A1
Секција Петровец - Катланово
Катланово, Македонија

Katlanovo - Petrovec

Katlanovo - Petrovec

Katlanovo - Petrovec

Katlanovo - Petrovec
1/6
Периодично беше мониториран целиот процес на изведба на проектот по барање на клиентот. Целта беше да се следи динамиката на изведбата, ангажираноста на инженерско - техничкиот кадар со што менаџерскиот тим имаше комплетен увид на напредокот на проектот без физичко присуство на терен.
Heading 1
Свлечишта
Маркова Нога - Преспа,
Велес,
Крушево - Сладуево,
Дебар,
Струмица - Берово, сите во Македонија

Markova Noga

Markova Noga

Strumica - Berovo

Markova Noga
1/13
Обезбедениот фотографски/видео материјал беше од големо значење за клиентот особено пред почетокот на градежните активности и во огромна мера помогна за претходна припрема и планирање на методологијата на изведба.
Напредокот на изведбата континуирано се следеше и евидентираше во форма на фото/видео материјал.
Heading 1
Челични мостови за обиколница
Тирана, Албанија




1/6
По налог на клиентот извршени се периодични детални снимања на објектите и околината на градилиштето, со што се избегна повеќекратната посета на терен од страна на менаџерскиот тим. Клиентот доби „дигитален близнак“ кој му е достапен во секое време и место.
bottom of page